Поради тарифите на Трамп: цената на Play Station 5 порасна
Sony денеска ги зголеми цените на конзолата PlayStation 5 во Европа, Австралија и Нов Зеланд, наведувајќи ги неповолните економски услови, вклучувајќи висока инфлација и нестабилни девизни курсеви.
Како што објави CNBC, а според компанијата, цената на моделот PS5 „Digital Edition“ во Европа сега изнесува 499,99 евра, што е зголемување во однос на претходните 449,99 евра.

Цената на конзолата PS5 Pro не е променета.
Компанијата истакна дека тоа е „тешка одлука донесена во предизвикувачко економско опкружување“, додека аналитичарите проценуваат дека наскоро би можело да има пораст на цените во САД, наведува CNBC.