ПопуларноТехнологија

Почина жена во Америка откако хируршки робот и изгорел дупка во стомакот

Жена од Флорида почина откако хируршки робот се запалил на сред операција и изгорел дупка во тенкото црево.

Жената за која станува збор се оперирала од рак на дебело црево но по операцијата почнала да осеќа болки во абдоменот па од кога се дознало што всушност се случило, таа требала да се враќа повторно на операција за да се затвори дупката. За жал на крајот таа починала и како причина на смртта е наведено повреда на тенкото црево.

da Vinci

После несреќата, мажот одлучи да го тужи произведувачот на роботот “Intuitive Surgical”, тврдејќи дека тие знаеле дека нивниот “da Vinci” робот немал добра изолација и дека постоело шанса да се запали и да биде изгорен витален орган, но произведувачот тоа не го кажувал во јавност. Исто така тврди дека роботите се продавале во болници каде што се немало искуство со хируршки роботи и не бил понуден адекватниот тренинг да се научи уредот. Тужбата исто така гласи дека Intuitive имале добиено илјадници пријави за дефекти асоцирани со “da Vinci” но тие не направиле ништо за да го ја поправат грешката.

Кога Intuitive беа прашани да дадат изјавата за несреќата секако дека немаа коментар.