ПопуларноСпорт

Пред неколку месеци стана олимписки шампион, а сега спасува луѓе во својата родна земја

Најголемата сензација во светот на атлетиката и спринтерските дисциплини во 2024 година, Лесиле Тебого, повторно е во центарот на вниманието на јавноста и на почетокот на оваа година, но не поради спортските достигнувања, туку поради нешто уште поважно – херојски чин што спасил животи.

Олимпискиот шампион на 200 метри од Олимписките игри во Париз и првиот освојувач на злато за Боцвана во историјата на својата земја стана вистински херој кога во државата со помалку од 2,5 милиони жители помагаше на луѓето заглавени во поплавените подрачја.

https://twitter.com/TrackGazette/status/1892295765436813576?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1892295765436813576%7Ctwgr%5Ebeeb27e3a075d016fa9ff2490d0dc0b23aca1ff6%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Ftocka.com.mk%2Fvesti%2F509577%2Folimpiski-sampion-spasi-zivoti-vleze-vo-nadojdenata-voda-i-stana-heroj

Снимката на која се гледа како со своето возило извлекува заглавени возачи од поплавен пат ја воодушеви целата планета. Човек со огромно срце, кој својот народ го сака безусловно – исто како што Боцвана го пречека како крал по Олимписките игри.

Тебого освои и сребрен медал во штафетата 4 × 400 метри, како и сребро и бронза на Светското првенство во Будимпешта 2023 година.

https://twitter.com/WorldAthletics/status/1892291742147227823?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1892291742147227823%7Ctwgr%5Ebeeb27e3a075d016fa9ff2490d0dc0b23aca1ff6%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Ftocka.com.mk%2Fvesti%2F509577%2Folimpiski-sampion-spasi-zivoti-vleze-vo-nadojdenata-voda-i-stana-heroj

Има само 21 година и светла иднина пред себе – и во спортот и во животот.