Приведена една од најбараните жени во Европа: Инфлуенсерката Тања работела за шведските банди
Шпанската полиција на островот Лансароте ја уапсила инфлуенсерката Танија Гомез (32), една од најбараните жени во Европа.
Шведските власти за неа бараат 14 години затвор поради трговија со дрога и перење пари, јавува Olive Press.
Приведувањето се случило минатата недела, а Гомез се наоѓала на листата на Европол за 50 најбарани лица по обвиненија за трговија со дрога од март 2021 година.
Таа е обвинета за дејствување во криминална организација со седиште во Стокхолм, која функционира како „менувачница“ и „банка“ за перење пари за шведските банди.
Гомез била сопственичка на добротворна организација за спасување на кучиња HundGarin, а наводно била и голем љубител на животни која помагала многу кучиња скитници.

Меѓутоа, Европол тврди дека таа била поврзана и со мрежа за илегално поседување животни и нивен транспорт во странство. Против Гомез постоел налог за екстрадиција, а се верува дека побегнала на Лансароте со цел да се скрие.
Ја започна потрагата за неа почетокот на февруари, кога полицијата започна истрага по нови информации за нејзината локација.

Исто така, Гомез е ставена под притвор до завршувањето на екстрадициските процедури.