ВестиПопуларно

Русинка истури мастило во гласачка кутија, полицијата веднаш интервенираше

Во Москва девојка полеала гласачки ливчиња со мастило, на руските претседателски избори кои починаа денеска, на 15-ти март, се гледа на снимка која кружи на социјалните мрежи.

Девојката го ставила своето гласачко ливче, а потоа истурила мастило во кутијата во која веќе имало одреден број на гласачки ливчиња.

Веднаш реагирало обезбедувањето, а според некои наводи, отворена е кривична постапка поради попречување на остварување на гласачкото право или работа на изборната комисија.