7-ГОДИШНО МОМЧЕ ОТИДЕ НА ОДМОР СО РОДИТЕЛИ И НИКОГАШ НЕ СЕ ВРАТИ: 23 години подоцна неговата смрт спаси милиони луѓе!
Приказната за Николас Грин допира до срцето и иако беше трагедија од неизмерни размери, стана инспирација несебично да се спасат животите на другите.
На тој кобен 29 септември 1994 година, животот на седумгодишното момче Николас Грин беше прекинат додека беше на одмор со родителите во јужниот дел на Италија. Наизглед безопасна ситуација веднаш се претвори во трагедија од невидени размери кога непознати мажи ненадејно го пресретнаа автомобилот на неговите родители со нивното возило.
Додека се бореле со ситуацијата, тој станал жртва, но неговата смрт не била крајот на неговата приказна.
“Мислев дека ќе бидеме целосно на нивна милост доколку го запреме автомобилот. Не ни беше јасно што сакаа” – рекол очајниот Рег Грин, таткото на малечкиот, присетувајќи се на кобната ноќ кога нивниот син бил убиен.
Тој откри и детали како се случило се.
“Наместо да застанам, панично забрзав. Сепак, тие го направија истото, па ние буквално се тркавме рамо до рамо во текот на ноќта. Одеднаш пукаа кон нас и еден куршум скрши едно од задните прозорци. Мојата сопруга Меги се преврте и се чинеше дека двете деца длабоко спијат” изјави Рег.
Меѓутоа, нивната ќерка Елеонор навистина длабоко спиела додека Николас бил застрелан во главата. Неколку секунди подоцна, од куршумите било скршено и стаклото на возачот, а темната кола со голема брзина се оддалечила.
“Ја запрев колата и излегов. Внатрешното светло се запали, но Николас не мрдна. Кога го видов така, доживеав шок кој беше најтажниот момент во мојот живот” – низ солзи рекол овој очаен татко, бидејќи и по многу години не може да го преболи тоа што му се случило на неговото дете.
Семејството Грин од САД дошло во Италија да го помине својот одмор. Меѓутоа, она што требаше да им биде релаксирачко време се претвори во ноќна мора. По застрашувачкиот напад, Николас бил итно префрлен во болница, каде паднал во кома и набрзо починал.

По трагичната загуба, родителите Рег и Меги Грин донеле херојска одлука да ги донираат органите на Николас. Овој несебичен гест имаше неверојатно влијание врз животите на седум италијански семејства.
“Во тој момент тие луѓе беа само апстрактна мисла. Немате поим какви луѓе се тие. Тоа е како кога давате пари во добротворна организација, но немате идеја како тоа ќе помогне. Четири месеци подоцна нè поканија да се вратиме во Италија и да се сретнеме со сите тие луѓе на Сицилија, од каде што се 4-те приматели на органи” – рекол таткото на малото момче.
Андреа Монџиардо, жената која го доби срцето на Николас Грин, го продолжи своето животно патување до 2017 година. Иако Николас почина пред 23 години, неговите храбри родители решија на Андреа да и дадат уште 23 години живот благодарение на неговото срце.
Смртта на Николас Грин не остана незабележана. Италијанската полиција спроведе опсежна истрага за откривање на убијците. Истрагата доведе до апсење и осуда на двајца мажи, Франческо Месијано и Мишел Ианело.
До денес, не е сосема јасно дали овие луѓе биле разбојници или разбеснети убијци кои по грешка пукале во погрешен автомобил. Трагедијата, сепак, го предизвика таканаречениот „Николасов ефект“, кој влијаеше на промената на перцепцијата на Италијанците за донирањето органи.

Рег, таткото на Николас, го опиша својот син како неверојатно сладок и истакна дека и другите луѓе го сакаат. Иако имал само 7 години, Рег верува дека како возрасен, Николас би ја донел истата одлука што ја направил на тој кобен ден во 1994 година.
Според него, доколку било потребно да се избере помеѓу лутината на оние кои му го одзеле животот и помагањето на другите, Николас сигурно би избрал да им помага на другите.
Пред смртта на Николас, едно лице во Италија донирало органи, а до 2006 година оваа бројка се зголеми на 20 милиони. Неговиот случај, исто така, предизвика промена во системот за донирање органи во Италија.
Пет години по смртта на Николас, Италија се префрли на систем на претпоставена согласност, според кој се претпоставува дека луѓето се подготвени да донираат органи, освен ако претходно не кажале поинаку.