ВестиПопуларно

Сенаторот Ренд Пол тврди дека 15 федерални агенции биле запознаени со корона вирусот уште во 2018 година

Според неодамнешна истрага предводена од Сенаторот Ренд Пол , се открива дека владини службеници од 15 федерални агенции во 2018 година знаеле дека Институтот за вирологија во Вухан се обидува да создаде коронавирус како СОВИД-19.

Владини претставници кои претставуваат најмалку 15 федерални агенции биле информирани за проектот предложен од “EcoHealth Alliance” на Питер Дазак и Институтот за вирологија во Вухан.

Ренд Пол изјави: “Овие официјални лица знаеја дека кинеската лабораторија предлага да се создаде вирус сличен на Ковид 19 и ниту еден од овие службеници не ја откри оваа шема на јавноста. Всушност, 15 агенции со познавање на овој проект континуирано одбиваа да објават какви било информации во врска со ова алармантно и опасно истражување.”

Како што кажува Пол, проектот бил наречен “DEFUSE” и според неговото истражување, тие предлагале да се вметне место за расцепување на фурин во коронавирусот за да се создаде нов химеричен вирус кој би бил неверојатно сличен на Ковид 19.

“Со години се борам да добијам записи од федерални агенции кои се однесуваат на потеклото на Ковид-19 и проектот “DEFUSE”. Под принуда, администрацијата конечно објави документи кои покажуваат дека проектот DEFUSE бил доставен до најмалку 15 агенции во јануари 2018 година.

Загрижувачки е тоа што ниту една од овие 15 агенции не се огласи за да не предупреди дека Институтот за вирологија во Вухан го спроведувал ова истражување. Ниту една од овие агенции не предупреди никого дека оваа кинеска лабораторија веќе составила планови за создавање таков вирус.” заклучи Пол.