Се намали цената на автомобилот за 35%, а годишното производство се распродаде за два часа!
Xiaomi SU7 Ultra е голем продажен хит. Примени 6.900 нарачки во првите десет минути!
Xiaomi SU7 е седан долг пет метри за кој претходно се пофали извршниот директор на Ford, Џим Фарли.
Во верзијата Ultra, овој модел е вистински ѕвер: 1.527 КС и 1.770 Nm, што му овозможува да забрзува од 0 до 100 km/h за само 1,98 секунди, додека 200 km/h да достигне за 6,09 секунди.

Максимална брзина? 350 km/h!
Огромен попуст – и експлозија од нарачки!
Кога лани беше претставен моделот Ultra, Xiaomi објави цена од околу 105.000 евра.
„Нашата цел е да ги направиме луксузните автомобили подостапни. По три до четири месеци дискусии, решивме да ја одредиме цената на 68.300 евра“, изјави извршниот директор Леи Јун при претставувањето на моделот.

Намалувањето на цената од 35% веднаш предизвика големо бунило. Во првите десет минути примени се 6.900 нарачки, што значи 11,5 во секунда!
За само два часа пристигнати се 10.000 нарачки, што одговара на целото годишно производство на моделот Ultra.