ВестиПопуларно

Скандал во авион, бесни родители направија хаос: Наместо вода, тригодишно дете испило алкохол – интервенираа лекари!

На летот на компанијата “Cathay Pacific” од Хонг Конг до Лондон, се случи сериозен пропуст што ги шокираше родителите на тригодишно момче – наместо вода, персоналот по грешка му послужил чаша бело вино.

Инцидентот се случил во бизнис класата за време на вечерата, кога стјуардесата донела пијалак што личел на вода. Детето земало голтка и веднаш рекло дека „водата е премногу кисела“. Кога родителите го пробале пијалакот – сфатиле дека детето пие алкохол!

„Мојот син пиеше БЕЛО ВИНО!“

Мајката во изјава за “South China Morning Post” ги сподели деталите:

„Маж ми му ја сечеше пилешката порција, а потоа се врати на своето седиште. По неколку минути, синот побара уште вода, а кога прашавме што не е во ред, рече дека водата е чудна. Сфативме дека пие БЕЛО ВИНО!“

Родителите веднаш ја алармирале екипата. Стјуардесата се извинила и му дала друго пијалак, но нивната реакција не била доволна. Бил повикан лекар преку “Medlink“, но било проценето дека не е потребна итна интервенција.

Сепак, родителите инсистирале преку разглас да се побара патник кој е доктор. На повикот одговорил француски лекар, кој се обидел да ги смири:

„Во Франција, деца на возраст од пет години понекогаш консумираат мали количини алкохол – на вашиот син нема ништо да му се случи“, рекол тој.

Родителите: „Немарност и прикривање одговорност“

Мајката тврди дека екипажот постапил немарно и дека се обидувале да ја избегнат одговорноста. Родителите се загрижени за можните долгорочни невролошки, развојни и физиолошки последици, па веќе имаат закажано серија прегледи кај педијатриски специјалисти.

Авиокомпанијата “Cathay Pacific” издаде јавно извинување и најави внатрешна ревизија со цел да се спречат слични инциденти во иднина:

„Ситуацијата ја сфаќаме многу сериозно и ѝ даваме целосна поддршка на семејството“, се наведува во соопштението. Дополнително, сите членови на екипажот добиле нови инструкции за да се избегнат вакви пропусти во иднина.