Снимено суштество од морските длабочини што никој досега не го видел живо! Научниците во шок: Џиновско е и величествено
Научната заедница остана во целосен шок откако во средата беше објавено дека е снимена колосална лигња – жива и во своето природно живеалиште. Ова е првпат во последните сто години, откако ја познаваме оваа мистериозна морска животна, да се сними здрава, витална и активна.
Досега колосалните лигњи биле гледани само кога умирале, мртви, или како остатоци во стомаците на други морски суштества. Овојпат, млад мажјак долг 30 сантиметри е снимен на длабочина од 600 метри во близина на Јужните Сендвички Острови, во Јужниот Атлантски Океан.
Истражувачкиот тим, предводен од академик од Универзитетот во Есекс, ја снимил лигњата во март, за време на 35-дневна експедиција посветена на откривање на нови морски видови. Се смета дека ова младо суштество може да порасне до седум метри (можеби и повеќе) и да достигне тежина до 500 килограми, што го прави најтешкиот бес’рбетник на планетата.
Во почетокот, научниците не биле сигурни што точно гледаат – суштеството изгледало како лигња, но не можеле веднаш да ја идентификуваат видот. Преку анализа, научничката Кат Болстад потврдила дека станува збор за колосална лигња – вид кој таа претходно го има видено само како остатоци во китови и морски птици.
„Возбудливо е да се види снимка од ’големо бебе‘ и да се потсетиме дека тие ниту знаат дека постоиме,“ изјави Болстад.

Малку се знае за животниот циклус на колосалната лигња – вид кој за првпат е документиран во 1925 година. И по речиси еден век, здрава единка никогаш не била забележана во живо. Постојат фотографии направени од нуркачи, но секогаш на единки кои умирале и биле лесно пристапни.
Поради недостиг на информации, не може ни приближно да се процени колку колосални лигњи живеат во морските длабочини.
Природонаучниот музеј пред три години истакна дека фактот што немаме податоци, ниту снимки од ова суштество во неговото природно живеалиште, доведува до тоа „џиновските бес’рбетници и денес да живеат на границата помеѓу мит и реалност“.
Научниците открија и дека во јануари првпат е снимена и таканаречена „лигња од глечерско стакло“.
„Првото забележување на две различни лигњи во две последователни експедиции е навистина извонредно и само покажува колку малку знаеме за величествените жители на Јужниот Океан,“ изјави Џотика Вирмани, извршна директорка на Институтот за океан на Шмит.