Спасил милиони животи преку донирање на својата ретка крв повеќе од 60 години!
Австралиецот Џејмс Харисон, познат како „Човекот со златна рака“, дарувал крв речиси секоја недела во текот на 60 години со вкупно над 1.000 донации.
Кога имал 13 години, кога му биле потребни 13 литри крв, ја сфатил важноста на дарувањето и почнал да донира на 18. Според Австралиската служба за крв на Црвениот крст, тој помогнал да се спасат животите на повеќе од 2,4 милиони австралиски бебиња.
Крвта на Харисон има уникатни антитела кои се борат против болести кои се користени за развој на инјекција наречена Анти-Д, која помага во борбата против резус-болест.
Оваа болест е состојба кога крвта на бремената жена всушност почнува да ги напаѓа крвните клетки на нејзиното неродено бебе.
Во најлошите случаи, тоа може да резултира со оштетување на мозокот или смрт за бебињата.
Харисон се повлече на 81 година од донирање, но останува во историјата како еден од најзначајните медицински придонеси.
Харисон во 2003-та година доби Гинесов рекорд за најголема количина донирана крв во историјата