ПопуларноТехнологија

Тест пациентот на “Neuralink” овој пат игра Марио Карт само со мозокот!

Претходниот пат видовме како Ноланд Арбау игра шах само со мозокот, но во новото видео, одлучи да ја смени малце играта!

Првиот пациент со имплант за мозочен-компјутер “Neuralink” кој е парализиран во рацете и нозете, одлучи да игра “Mario Kart” на Нинтендо само со својот ум, во импресивно ново демо видео, нарекувајќи го имплантот „целосно менување на животот“ на состанокот пред цела компанијата кои што беше објавен во петокот на X.

На видеото тој игра со својот татко и изјавува “Многу сум среќен што сум дел од тоа“, рече видно благодарниот и збунет Арбау на состанокот на Неуралинк. „Многу сум благословен што сум дел од овој проект“

https://twitter.com/PC_Focus_/status/1771937533292683647?s=20

„Тоа беше лудо патешествие“, рече Ноланд Арбау, 29-годишниот пациент од Неуралинк, за време на славеничката средба на компанијата.

„Ова ќе го промени светот“, додаде Арбау, кој е квадриплегичен, што значи дека е парализиран под вратот од несреќа при пливање и бара употреба на инвалидска количка.

Дури и вработениот од “Neuralink” беше во шок “Уште неможам да поверувам дека контролираш се само со мозокот….”

За време на состанокот на компанијата со Арбау како почесен гостин, Неуралинк го објави видеото за игра на кое се прикажува поделен екран на два лика, “Donkey Kong” и “Bowser”, кои се тркаат во Марио Карт. Арбау го играше Bowser, иако беше тешко да се забележи од неговиот настап на патеката.

Она што е особено импресивно во врска со демонстрацијата е дека Арбау се чини дека има прилично импресивна контрола, насочувајќи го својот тркач не само да сврти, туку и до каде да сврти, што укажува на добар степен на умешност на аналогната контрола. На пример, тој можеше да собори друг играч за време на демо видеото.

Други импресивни подвизи што Арбау ги постигна со имплантот Neuralink вклучуваат можност да ја игра стратешката видео игра Civilization VI.

Целиот состанок на Неуралинк можете да го видите во видеото подолу.