ПопуларноСелебрити

„Тоа е најтрагичното во целиот случај“: Лекарите загрижени за Брус Вилис, велат дека состојбата е сериозна, а еве што најмногу ги исплашило

Болеста на Брус Вилис, според лекарите, значително напредувала.

Пред три години, познатиот актер објави дека се повлекува од светот на филмот поради афазија, нарушување на говорот, но болеста продолжи да напредува, па тој сега страда од деменција.

Секој ден му станува сè потешко, но има огромна поддршка од своето големо семејство. До него е и неговата поранешна сопруга Деми Мур, со која се разведе пред 25 години, но останаа блиски пријатели.

Токму таа, пред неколку дена, објави нови фотографии од актерот, кои предизвикаа загриженост кај лекарите. Тие сметаат дека сликите не ја прикажуваат реалната состојба.

Најтрагично ми е што овие фотографии на Инстаграм даваат привидно нормална слика. Тоа е вистинската трагедија на состојбата на Брус. Оваа болест не влијае на надворешниот изглед, туку ја уништува личноста одвнатре“, изјавил д-р Стјуарт Фишер за Daily Mail.

Знаци на напредната болест

Други лекари, кои не се дел од неговиот медицински тим, истакнуваат дека на фотографиите тој не покажува никакви емоции.

Покрај тоа, често гледа настрана, што го поврзуваат со фронтотемпоралната деменција.

Семејството му е најголема поддршка

Брус неодамна наполни 70 години, а неговите најблиски беа покрај него.

Целото семејство е многу блиско, и тоа е прекрасно. Се собираме едни околу други и си даваме поддршка“, изјавила неговата ќерка Румер Вилис.