Трамп: Мојата одлука за TikTok ќе биде донесена во блиска иднина
Забраната на платформата TikTok во САД треба да стапи на сила во недела, на 19 јануари, доколку кинеската компанија “ByteDance” не ја продаде својата компанија во САД до тој рок.
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека одлуката на американскиот Врховен суд, кој во петокот го потврди законот за одбрана на бизнисот на кинеската компанија ТикТок, „е очекувана и сите мора да ја почитуваат“.
„Мојата одлука за TikTok ќе биде донесена во блиска иднина, но треба да имам време да ја разгледам ситуацијата“, рече Трамп во пораката на неговата платформа “Truth Social”.

Трамп се противи на забраната
Според одлуката на Врховниот суд, законот, кој минатата година беше изгласан од големо мнозинство претставници во Конгресот, и од редовите на републиканците и од демократите, не претставува кршење на Првиот амандман на Уставот на САД, кој ја штити слободата на говорот.
Трамп, кој ја презема функцијата на 20 јануари, се противи на забраната на TikTok и верува дека токму оваа апликација му помогнала да привлече млади гласачи пред претседателските избори во 2024 година, пренесува Танјуг повикувајќи се на Ројтерс.
Новиот советник за национална безбедност на Трамп, Мајк Волц, изјави во средата дека новоизбраниот претседател има намера да преземе чекори за зачувување на TikTok кога ќе се врати на функцијата, објави Ројтерс.