(ФОТО) Најсекси жената на светот остана без свршеник? Ништо од закажаната свадба
Сидни Свини и Џонатан Давино се во врска од 2018 година, се свршија во 2022, а последен пат беа видени заедно во јавност во јануари годинава.
Популарната актерка Сидни Свини (27), која многумина ја сметаат за најатрактивната актерка на денешницата, веќе неколку години е во врска со 14 години постариот претприемач Џонатан Давино. Тие се свршија во 2022 година, но сега кружат гласини за нивното раскинување.
Веста која не ги израдува нејзините фанови се појави само еден месец откако беше објавено дека ја одложуваат свадбата што ја планирале за мај оваа година.

Во прилог на шпекулациите оди и тоа што актерката била сама на Модната недела во Париз, иако досега најчесто беа неразделни. Фановите на славната ѕвезда заклучуваат дека нивната врска е моментално на „нестабилни нозе“.
Како што пренесува TMZ, Сидни Свини уште од февруари престојува во хотел во кој не ѝ се придружил свршеникот, а најмногу време поминува со своите пријателки.

Минатата недела била во друштво на Лорен Санчез, свршеницата на Џеф Безос, со која отишла на опуштен ручек покрај базен. Според неколку направени фотографии, додека престојува во хотелот, најчесто руча – сама.
Сидни и Џонатан наводно ја одложиле свадбата поради нивните пренатрупани работни распореди, но досега не се огласиле на оваа тема.

За целата оваа приказна да биде уште поинтересна, во јануари годинава парот беше фатен како жестоко се расправа пред еден ресторан во Њујорк. Тоа воедно беше и последниот пат кога беа снимени заедно во јавност.
Од тогаш, наводно, сè оди надолу …
