ВестиПопуларно

(ФОТО) Ова се уапсените за убиството на малата Данка

С.Ј. (50) од Злот е уапсен откако признал дека со колега ја убиле Данка Илиќ (2) во службен автомобил, а потоа нејзиното тело го фрлиле на дива депонија на Стар Бањски пат.

Во автомобилот биле пронајдени траги од крв, по што била извршена ДНК анализа и потврден идентитетот на исчезнатата Данка Илиќ.

„Според планот за работа на компанијата се знаеше кој го возел автомобилот во критичното време, што со проверка на базните станици се потврди. Осомничените се приведени и веднаш го признале убиството“, пишува “Nova”.

Медиумите во Србија објавија и фотографија од осомничените.

Мажот Д.Д е еден од двајцата уапсени за убиството на девојчето Данка Илиќ од Бањско Поље кај Бор. Тој и С.Ј се осомничени дека со автомобил удриле дете, а потоа нејзиното тело го ставиле во багажник и го закопале во блиската депонија.

Медиумите во Србија пишуваат дека планирале телото да го пренесат во друго село, но не успеале во намерата.

ДНК тестовите открија траги од крв на девојката на возилото и тоа беше еден од клучните докази за апсење на двајцата.