ВестиПопуларно

(ФОТО) Поскапо од Ибица: Една лежалка на Јадранот чини и до 1.300 евра дневно! “Додека има овци, ќе има и шишање’

Летните одмори на Јадранот порано се планираа со насмевка и без многу пресметки, но денес сè почесто предизвикуваат стрес, па дури и огорченост.

Цените во хрватските туристички центри растат од година во година, а изгледа дека оваа сезона трката по профит започна порано од кога било. Од кафе по пет евра, лежалки што се изнајмуваат поскапо од ноќевање во соба, до порции риба со цени какви што имаат луксузните ресторани низ европските метрополи – сето тоа веќе ги загрижува и домашните и странските гости на Јадранот.

Едно е сигурно – сезоната сè уште и не започнала како што треба, а за цените се зборува како да сме веќе во срцето на август. Тоа го потврдува и една неодамнешна објава на Редит, каде што корисник споделил фотографија од ценовник на едно кафуле на плажа во Сплит, пренесува b92.

„Поскапо од Ибица“

„Можеби е ценовникот поставен 100 метри од бич барот, ама барем има сенка (Жњан, Сплит)“, напишал авторот на објавата покрај фотографијата и додал: „Welcome to Ibiza“, алудирајќи на енормните цени.

Цените за изнајмување лежалки се движат од 35 евра па сè до неверојатни 1.300 евра!

„Сè додека има овци – ќе има и шишање“

Еден од корисниците ги споредил цените во популарното летувалиште Ибица (Шпанија) со оние во Сплит. Според податоците на Numbeo, Сплит е поскап – барем кога станува збор за туристички содржини. Авторот на објавата одговорил:

„О, ужас! Уште посмешно ми станува кога гледам дека е поскапо од Ибица.“

Иако летната сезона сè уште официјално не започнала, дискусиите за цените покрај море веќе се секојдневна тема – на кафе, во медиумите, и на социјалните мрежи. Многумина се прашуваат каков туристички бран не очекува кога веќе во предсезоната цените на сместување, кафе или порција лигни достигнуваат нивоа што до неодамна беа резервирани само за најскапите европски дестинации.

Судејќи според првите впечатоци, летото 2025 повторно ќе ги стави на тест и паричниците и нервите на домашните туристи – а сезоната сè уште не ни започнала.