(ФОТО) Таен обожавател или прогонувач!? Девојка доби анонимна порака – кога виде што пишува, за малку ќе се онесвестеше од шок!
На платформата Reddit, популарна за дискусии, се појави исповед на 22-годишна жена од Калифорнија, позната под псевдонимот Кали.
Таа го сподели своето шокантно искуство со таен обожавател, што ѝ го промени животот засекогаш. Сè започнало кога примила мистериозна порака од непозната личност, што кај неа предизвикало страв и параноја.
Кали ја добила пораката пред две години, а истата била потпишана како „твојот таен обожавател“.
Уплашена и вознемирена, се повлекла од општествениот живот, поминувајќи две недели затворена во својот стан, со спуштени ролетни и избегнувајќи каков било контакт со надворешниот свет.
„Ова е пораката што ми ја оставија пред вратата. Месеци поминав во параноја, чувствувајќи дека некој ме набљудува. Не знаев кој, кога, ниту зошто.“ – раскажа Кали.
Содржината на пораката гласела:
„Здраво, убава девојко. Само сакав да ти кажам дека мислам дека си неверојатно убава жена со црвена коса. Да, апсолутно си прекрасна, само сакав да го споделам тоа … Прости ми што ги споделувам моите мисли … Твојот таен обожавател.“
Реакциите на интернет
Објавата привлече огромно внимание – за само неколку дена собра речиси 200 коментари. Многу корисници изразија загриженост, истакнувајќи дека пораката делува опсесивно и дека можеби претставува потенцијална опасност.
„Начинот на кој е напишана делува како опсесија, така што те разбирам целосно.“
„Фасциниран сум од ракописот, но ова дефинитивно не е нормално.“
Сепак, имаше и такви кои сметаа дека Кали реагирала претерано.
„Можеби зад ова се криела некоја романтична приказна, а ти тоа си го сфатила како закана.“
Кали признава дека дури и по неколку месеци чувствувала дека некој ја следи. Секој странец ѝ изгледал сомнително, а излегувањето од дома станало вистинска ноќна мора.
„Да бидеш постојано на штрек, да чувствуваш дека некој може да те нападне во секој момент … тоа беше страшно.“
Поради претходни непријатни искуства со мажи, Кали одлучила ништо да не препушта на случајноста. На крајот, се преселила, набавила спреј за самозаштита и електрошокер, и дополнително го обезбедила својот дом.
На крајот од својата исповед, Кали испрати моќна порака:
Комплиментите се во ред, но начинот на кој ѝ се пристапува на непозната личност може да има сосема спротивен ефект.
Ова искуство е уште еден потсетник за тоа колку е важно да се внимава на личната безбедност, особено во дигиталната ера, кога приватноста е сè повеќе загрозена.