ПопуларноТехнологија

Mобилните гејмери лути! “Apple” трајно го отстранува Фортнајт од своите уреди

Играчите на Фортнајт кој користат “Apple” мобилни уреди беа скроз запоставени откако програмерскиот профил на “Epic Games” беше отстранет од продавницата за апликации

Откако “Apple” ја доби тужбата против “Epic Games”, светско познатата игра, Фортнајт не се врати на продавницата за апликации на “Apple”. Иако беше изјавено дека играта ќе се враќа за европските корисници, “Epic” мораше да ги извести своите обожаватели дека случајот нема да биде таков.

Официјалната изјава на Epic Games беше дека нивниот програмерски профил е отстранет од страна на Apple. Ова ги остави љубителите на играта бесни, со стравови дека Фортнајт нема никогаш да се врати на Ајфон.

Реакцијата по укинувањето на програмерскиот профил

На 6ти Март, Epic Games на својот официјален блог даде изјава за бришењето на нивниот профил:

„Неодамна објавивме дека Apple го одобри нашиот програмерскиот профил на Epic Games Шведска АБ. Имавме намера да го користиме тој профил за да ги донесеме Epic Games Store и Фортнајт на уредите со iOS во Европа благодарение на Законот за дигитални пазари.

„На наше изненадување, Apple го избришал тој профил и сега не можеме да ја развиеме продавницата за игри Epic за iOS. Ова е сериозно прекршување на законот за дигитални пазари и покажува дека Apple нема намера да дозволи вистинска конкуренција на уредите со iOS“.

Играчите на Фортнајт набрзо ги преплавија коментарите за да ги изразат своите фрустрации. Еден играч коментира: „Epic Games да се засили за изградба на сопствена продавница е прилично храбар потег, но време е некој да го предизвика статус квото.“

Еден едноставно коментираше: „Ова е толку плитко и иронично. Шегата сама се пишува“.

Друг сепак рече: „Apple е технолошки непријатен во овој момент“.

Apple повторни на распит во ЕУ

Според Bloomberg, Apple повторно ќе биде повикан на испрашување пред Европската Унија поради бришењето на профилот.

Беше објавено дека комисијата на ЕУ побарала од Apple да даде дополнително објаснување за нивното образложение зад раскинувањето.

Покрај ова, беше кажано дека регулаторите „испитуваат дали однесувањето на Apple можеби е во конфликт со другите дигитални правила за транспарентност со деловните корисници“.

Неодамна Apple беше казнет 1.8 милијарди евра од ЕУ за прекшување на правила на стриминг. Што ги чека сега, останува да видиме.