ВестиПопуларно

Хорор детали од убиство и самоубиство: Владислав (50) и синот (17) ги пронашла малолетната ќерка – Таткото од пеколот го убил синот затоа што повеќе ја сакал мајка си

Седумнаесетгодишно момче е убиено во семејната куќа откако, според првичните информации, таткото го прободел со нож, а потоа го застрелал со пиштол за добиток. Мотивот за грозоморниот чин најверојатно е одмазда кон поранешната сопруга, која неколку часа претходно го пријавила во полиција. Убиецот, 49-годишниот Владислав Гаио, по убиството извршил самоубиство.

Според локалните медиуми, злосторството се случило во вторникот, 22 април, во попладневните часови. Таткото дознал дека поранешната сопруга го пријавила во карабинерите околу 14 часот, што, според истражителите, го доживеал како тешка навреда.

Околу 16 часот, влегол во собата, зел нож и повеќекратно го прободел синот во стомакот. Потоа употребил пиштол кој вообичаено се користи за убавање животни и му испукал два куршума во главата. На крајот, оружјето го свртел кон себе и си го одзел животот.

Телата ги пронашла малолетната ќерка

Телата на таткото и синот ги пронашла нивната малолетна ќерка, која веднаш ги алармирала надлежните служби. Познаници на семејството велат дека Владислав Гаио порано работел како промотер во дискотеки на северот од Италија, а потоа и како инструктор по боречки вештини. Во последните години, наводно бил без редовна работа.

Неговата поранешна сопруга, со која и понатаму живеел во ист дом и покрај разводот, имала стабилна работа. Иако биле формално разделени, живееле заедно во селото Олтра, најверојатно поради тешка финансиска состојба.

Момчето било наклонето кон мајката

Истрагата покажала дека семејните односи биле затегнати подолго време. Убиството било претходено од серија конфликти, а според сведоци, момчето често заземало страна на мајката, што дополнително го нарушувало односот со таткото.

Градоначалникот на Ламон, Лорис Макањан, прогласи ден на жалост поради трагедијата и изрази длабоко сочувство до семејството. Јавното обвинителство во Белуно нареди обдукција на телата на таткото и синот, која ќе ја спроведе судскиот патолог Антонело Чирнели.