ВестиПопуларно

Храбрата Ања не издржа: Младата спортистка почина 17 дена по трагедијата во Нови Сад

Младата спортистка Ања Радоњиќ (24) од Параќин им подлегнала на повредите по страшната несреќа на железничката станица во Нови Сад, кога врз неа и врз уште 16 лица паднала бетонска настрешница тешка неколку тони.

Повредите на Ања беа исклучително тешки, лекарите направија се за да ја одржат во живот, но за жал, таа не преживеа.

Ања е 15-та жртва на новосадската трагедија, храбро се бореше за живот 17 дена, но и покрај младата возраст и напорите на лекарите, не успеа.

Да потсетиме, таа студирала кинески на Филолошкиот факултет во Белград и со години тренирала кошарка, па најблиските верувале во победнички спортски дух, но вчера ги добија тешките вести од кои најмногу се плашеа.

На тој кобен ден, да потсетиме, Ања била во Нови Сад со своето момче. Според зборовите на нејзината братучетка, таа се нашла на железничката станица кога најверојатно се враќала во Белград, каде што студирала.

Инаку, големата трагедија во Нови Сад веќе остави во црно 15 семејства, а животот на двајца повредени сè уште виси на конец. Покрај Теодора, меѓу повредените е и младиот Вукашин Ц. Нивната состојба и денеска не е променета.