ПопуларноТехнологија

Човештвото е чекор поблиску до бесконечна енергија

Нуклеарната фузија произвела досега најмногу енергија во еден експеримент во лабораторијата “JET”, со седиште во Велика Британија, доведувајќи го светот чекор поблису до сонот за неограчичена чиста енергија, пишува “BBC. Нуклеарната фузија е процес кој дава енергија од ѕвездите. Научниците веруваат дека би можеле да произведат големи количини на енергија без загадување на атмосферата.

Европските научници кои работеле во лабораторијата рекле дека постигнале важни нови резулати. Резултатот е постигнат во последниот експеримент во лабораторијата по повеќе од 40 години истражување на фузија. Нуклеарната фузија е процес кој дава енергија од Сонцето. Во тој процес парови од ситни честички на атоми се загреваат и се спојуваат за да направат една потешка честичка која ослободува корисна енергија.

Ако успешно се зголеми на комерцијално ниво, би можело да се произведе бескрајна количина на чиста енергија без емисија на јаглерод. И тоа што е клучно, за разлика од ветерот и соларната енергија, таа нема да биде препуштена на милост и немилост на временските услови.

Меѓутоа, д-р Аника Кан од Универзитетот во Манчестер вели дека тоа не е едноставно. „За да дојде до фузија на атомите на Земјата, потребни ни се температури десет пати повисоки од Сонцето – околу 100 милиони степени Целзиусови, а потребна ни е и доволно голема густина на атомите доволно долго време“, објаснила таа.

Обидите произвеле 69 мегаџули енергија во пет секунди. Тоа е доволно енергија за само четири до пет топли топли купки – што значи, не многу, пишува “BBC”. Светот се уште е далеку од електрана на нуклеарна фузија, но секоја експеримент е чекор поблиски.

„Постигнавме резултати кои досега не успеавме да ги забележиме“

Професорот Стјуарт Менгелс, лидер на Заедницата за истражување на вселената, плазма и клима од “Imperial College” во Лондон, вели: „Новите резултати на финалната работа на “JET” се многу возбудливи. Овие резултати навистина ја нагласуваат силата на меѓународната соработка и не би биле можни без работата на стотици научници и инженери од цела Европа“.

“Joint European Torus” или “JET” е изградена во Кулам во Оксфорд во доцните 70-ти години и до крајот на минатата година имала најнапреден експериментален фузиски реактор.

Реакторот требало да биде оперативен само 10-тина години, но постојаните успеси довеле до продолжување на неговиот век. Денес објавените резултати се тројно поголеми од тоа што било постигнато во слични тестови во 1997-ма година.

Професорот Амброгио Фасоли, лидер на програмата во “EUROfusion”, вели: „Нашата успешна демонстрација ни дава верба во нашата фузиска енергија. ОСвен поставување на нови рекорди, успеавме да постигнеме резултати кои досега не можевме да ги забележиме и го продлабочивме разбирањето на физиката на фузијата“