Што е снимено на Марс? Интернетот „зовре“ од теории (ФОТО)
Интернетот „зовре“ од разни теории откако беа објавени снимките од површината на Марс снимени во 2001 година од орбитерот на НАСА.
Еден од можните „кандидати“ за колонизација на Марс, според Илон Маск, долго време ги фасцинирал луѓето, а сега е во фокусот поради „мистериозната квадратна структура“, пренесува “LadBible”.
Секако, приказната привлече и бројни теоретичари на заговор кои веднаш изнесоа тврдења дека станува збор за „остатоци од древна вонземска цивилизација“.

Фотографиите меѓу другите ги сподели и познатиот подкастер Џо Роган, што ги направи уште повирални. Тој ја додаде пораката: „Ова е лудо!“.
Многу корисници веруваат дека речиси совршената „квадратна форма“ не може да биде природна структура, но треба да се забележи дека правите линии не се невозможни во природата (како Giant’s Causeway во Северна Ирска).
На сликата на орбитарот навистина можете да видите нешто што наликува на „квадратна структура“, а подетален приказ можете да видите ТУКА.
Дотогаш може да шпекулираме, а интересно на оваа објава не остана имун и милијардерот Илон Маск, кој со години се подготвува да ја „освои“ Црвената планета.
Тој одговори на твитот на Роган велејќи: „Треба да испратиме астронаути на Марс да истражат“.