ВестиПопуларно

Ја барале бабата (66) насекаде, наишле на питон со отечен стомак: Кога го расцепиле настанала гужва

Страшна приказна доаѓа од Индонезија, а се започнало откако загрижено семејство започнало потрага по исчезнатата баба Хесија (66).

Несреќната жена се враќала од работа во Јужен Сулавеси, но никогаш не стигнала дома, пишува Daily Mail.

Се криеше во густата вегетација

По извесно време мештаните пронашле питон долг осум метри како се крие во густата вегетација и веднаш помислиле на најлошото.

Чудовиштето имало отечен стомак, како штотуку да завршил со хранење, па бил фатен и растргнат.

За жал, стравот бил оправдан, бидејќи во нејзиниот стомак било пронајдено безживотното тело на несреќната жена, кое најверојатно го фатил питонот додека минувала низ висока трева.

„Тие се агресивни и напаѓаат“

Се верува дека го обвил телото околу нејзините нозе, ја згмечил со силен стисок и на крајот ја проголтал.

“Ова е страшно. Знам дека беше болна смрт за мајка ми. Иако питонот е мртов, тоа не е утеха. Сега се молиме за душата на Хесија”, рекла ќерката Нурдин.

Шефот на локалната полиција Питу Риасе го предупреди населението за опасностите кои демнат во природата.

„Ве повикуваме да бидете внимателни кога патувате низ плантажата, бидејќи е познато дека во околината има големи питони. Тие се агресивни и напаѓаат луѓе, бидејќи тоа е лесен извор на храна за нив“, рече тој.