74-годишната, ПОВТОРУВАМЕ, 74-годишната Македонка Мира ги освојува највисоките светски врвови, а сака да “атакува” и на Мон Блан
Подвигот на делчевската легенда на планинарството, Мира Симоновска, ја воодушеви јавноста.
Оваа Македонка на почетокот на март, на свои 74 години, го искачи врвот Ухуру висок 5895 метри на Килиманџаро.
„МИА“ го следеше нејзиниот подвиг во моментот кога го искачи Килиманџаро, а викендов Симоновска повторно сподели уште неколку детали и откри дека имала огромна желба да се искачи на „покривот“ на Африка.
„Ми беше силна желба да го искачам Килиманџаро, требаше тоа да го сторам пред неколку години со планинарско друштво КПС Азот од Велес, меѓутоа тогаш немав средства. Сега имав и уплатив 3000 евра и 600 американски долари и ми се оствари желбата да отидам со нивната експедиција“, раскажува Симоновски.
Целата авантура, од Делчево до Африка, па до врвот на Килиманџаро, траела вкупно 12 дена.
„Најтешкиот дел беше секако искачувањето, се искачивме на 3 март 2024, а тргнавме претходната вечер во 11 часот, значи искачувањето траеше околу 10 часот. Обично трае 9 часа, но младите го искачија врвот Ухуру за 9 часа, а ние околу 10 часа, секако и јас како најстара. Целиот терен е лош на искачување ноќно време со лампи на главата, морате се пред вас да гледате, но со водичите, добро е. После на 4 километри од самиот врв беше подруго, се чувствуваш како на седмо небо, гледаш се одозгора“, вели Симоновска.
Сега Мира има желба да го искачи Мон Блан, а добила повик да го освои и Аконкагва во Јужна Америка.
„Прв предизвик по освојувањето на Килиманџаро ми беше Олимп, но немав друштв. Вчера добив повик за Перу, ама требаат средства, една таква експедиција би чинела околу 3000 евра сигурно“, прецизира планинарката од Делчево, пренесува “БРИФ”.