“Synchron” директната конкуренција на “Neuralink” спремни за продажба во јавност!
“Synchron” една од ретките компании кои можат да му се спротистават на Илон Маск најави дека планира драстично зголемување на производството на нивните невро-технолошки чипови.
Компанијата е основана во 2012 година и главната цел им е да поврзат електричен уред со човековиот мозок. Нивниот главен уред си викам “Synchron Switch”
“Synchron Switch” им овозможува на лица со намалена мобилност да управуваат електронски уреди со мозокот, но за разлика од компанијата на Илон Маск, за нивниот чип не е потребна никаква операција. Наместо операција, тие го внесуваат чипот (којшто е полн со минијатурни сензори) во телото преку крвните садови, по вметнувањето, чипот патува до големата нерва веднаш до мозочниот кортекс.
Тие неодамна купија голем дел од акции на “Acquandas”, германска компанија која има способноста да ги таложи медицинските уреди еден врз друг со цел да се добие чипот. Инвестицијата во оваа компанија е со цел да може да се задоволи побарувачката за нивниот производ со оглед на тоа што тие се многу блиску со пуштање на нивниот производ во јавност.
Со оглед на тоа што чипот на Synchron не се вметнува директно во мозочното ткиво, сигналите од мозокот нема да бидат толку силни колку што би биле со Neuralink. Но тимот на Synchron верува дека едноставноста да се вметне чипот во споредба со другите ке го направи по лесно прифатлив од јавноста.
На состанокот на Neuralink во Јули, за конкуренцијата Маск изјави “Можностите на нашиот чип се далеку поголеми, но моментално, ни го растураат задникот”