Актерот Лазар Ристовски на Малдиви со својата 39 години помлада партнерка: „Кога тој ме води, јас не прашувам каде“
Актерот Лазар Ристовски моментално ужива на егзотично патување со 39 години помладата девојка Аница Лазиќ.
Лазар и Аница заедно отпатувале на Малдиви, а актерката на својот Инстаграм профил споделила заедничка фотографија.
Имено, на фотографијата тие двајца се прикажани како излегуваат од водата држејќи се за раце.
„Кога тој ме води, јас не прашувам каде“, напишала Аница во описот на фотографијата.
Нивната љубов наиде на бројни осуди, а Аница се соочила со многу осуди, но јасно и гласно застанала зад љубовта. Како што вели, негативните коментари уште повеќе ја зајакнале.