Албанската секси пејачка ги запали мрежите во минијатурно бикини
Дуа Липа, пејачката со албанско потекло, уживаше на кратко патување, а фотографиите ги сподели со своите обожаватели. И покрај фотографиите од ресторани, најмногу внимание привлекоа нејзините фотографии во костимот за капење. Убавата Албанка позираше на трева, впивајќи ги сончевите зраци.
По објавувањето на предизвикувачки фотографии, Дуа доби лавина коментари од обожавателите, кои го коментираа нејзиното прекрасно тело.
По овој одмор Липа ќе замине на одмор во Сингапур, каде на пети ноември и официјално ќе започне нејзината турнеја наречена „Radical Optimism Tour“.
Инаку Дуа Липа е позната по своите ставови кои особено ги разбеснија Израелците, а неодамна таа беше во посета на Косово каде присуствуваше на еден фестивал.