ПопуларноСелебрити

Бела и Џиџи Хадид дознаа дека имаат уште една сестра: „Нашиот татко имаше кратка врска…“

Популарните манекенки објавија соопштение за неодамнешното откритие кое го шокираше и воодушеви нивното семејство.

Манекенките Џиџи (30) и Бела Хадид (28) се меѓу најуспешните супермодели на денешницата и секојдневно се на мета на папараците, но сега дознавме дека и во овие околности ѕвездите можат да чуваат некои тајни.

Имено, познатите убавици објавија заедничко соопштение за јавноста во кое објавија дека имаат уште една сестра. 20-годишната девојка по име Ејдан Никс која е родена по кратката романса на нивниот татко Мохамед Хадид со жена по име Тери Хетфилд Дал, пренесува NY Post.

Како што истакнаа Бела и Џиџи, оваа врска се случи откако Мохамед се разведе од нивната мајка Јоланда во 2001 година.

-Пред повеќе од 20 години нашиот татко додека беше сингл имаше кратка врска која доведе до бременост – објаснија сестрите Хадид.

Тие истакнаа дека ниту самата Ајдан до неодамна не знаела дека е ќерка на Мохамед Хадид.

  • Ејдан е родена и израсната на Флорида, каде што ја одгледувал човек кој го знаела како татко, до неговата смрт кога имала 19 години – наведуваат Бела и Џиџи во својата изјава.

Меѓутоа, тогаш од љубопитност решила да направи ДНК тест и открила дека е биолошки поврзана со семејството Хадид. Излегува дека познатите манекенки и се полусестри, а судејќи по фотографиите на Ејдан, таа многу личи на нејзиниот биолошки татко и Бела.

Бела и Џиџи знаат за Ејдан Никс веќе некое време, а првпат стапиле во контакт на крајот на 2023 година. Оттогаш, велат тие, поминале време заедно, а нивниот татко Мохамед ја прифатил ќерката со раширени раце.

“Благодарни сме за ова неочекувано и убаво проширување на семејството” – заклучија познатите сестри и побараа почитување на приватноста на Ејдан Никс.

“Љубезно бараме другите да ги почитуваат нејзините желби и правото на анонимност додека таа го води својот живот како млада жена во Њујорк” – истакнаа тие, пренесува Glossy.