Беше најголемиот секс симбол, а потоа го смени личниот опис: Поради неа се води војна на мрежите (ФОТО)
Актерката Памела Андерсон повторно стана тема на светската јавност. Фаталната русокоса неодамна го посети филмскиот фестивал во Сан Себастијан каде ја шокираше јавноста со својот изглед.
Памела за оваа пригода избрала широк фустан со цветни мотиви. Овој едноставен стајлинг го заокружила со беж чевли „slingback“ со зашилен врв и едноставни дијамантски обетки.
А потоа нејзиното лице – без грам шминка, беше редот за негативни коментари…
Иако Памела цврсто одлучи да го негува и да го истакне својот природен изглед, се чини дека нејзините многубројни обожаватели не можат да се помират со оваа одлука.
„Во овој фустан изгледа како запуштена баба“, „Ми се допаѓа природноста, но некако изгледа неуредно“, „Стилот на Апа-драпа не го почитува настанот на кој дојде“, „Таа беше зачетник на вештачкиот изглед, сега отиде во друга крајност“, „Можеше малку да се исправи“, се само дел од коментарите.
Но, имаше и такви кои ја поддржаа, а тие едноставно и порачаа: „Честитки за оваа одлука“.