ПопуларноСелебрити

Бразилска кантри пејачка објавила селфи од концерт, па загинала во сообраќајка со своето момче

Бразилската ѕвезда на кантри музиката Ана Паула Виеира загинала во неделата со своето момче во сообраќајна несреќа додека се враќала дома по настапот.

Пејачката се возела дома со својот партнер Марсело Стоко кога според наводите на полицијата изгубиле контрола над возилото и налетале на камион

На снимките се гледа смачканиот автомобил и дека воздушните перничиња експлодирале преку кровот. Инспекторите веруваат дека пејачката можеби заспала зад воланот. Возачот на камионот не е повреден.

Ана само неколку часа пред сообраќајната несреќа објавила весела фотографија со своите пријатели и момчето на концерт. Дипломирала фармација и била дел од музичката група „Марко и Ана Паула“ која се распаднала на почетокот на мај.

Марсело Стоко бил член на градскиот совет на Пименто Буено и бил пред крајот на својот пратенички мандат.

Ана и Марсело биле погребани во понеделникот.