Вереникот на Џенифер Гарнер постави ултиматум: „Не сака повеќе да ја гледа нејзината блискост со Бен Афлек“
Џенифер Гарнер се најде во центарот на вниманието откако се појавија фотографии на кои се појавува блиска со поранешниот сопруг Бен Афлек, а нејзиниот сегашен партнер Џон Милер наводно и дал ултиматум.
Иако Милер (47), директор на компанијата КалиБургер, отсекогаш го поддржувал заедничкото родителство меѓу Џенифер (52) и Бен, овој пат тој верува дека Афлек „ја преминал границата“.
„Џон знае дека нема ништо помеѓу Џенифер и Бен Афлек, но сликите му изгледаат многу несоодветни и мисли дека тоа е непочитување на нивната врска“, рекол извор близок на парот коментирајќи ги фотографиите на кои Бен силно ја гушка Џенифер околу половината.

Наводно, откако го прославиле роденденот на нивниот син Семјуел, каде што поранешните сопружници се зближиле, Милер и кажал на Гарнер дека не сака повеќе да гледа такви сцени или ќе биде принуден да ја напушти нивната врска.
Да потсетиме дека Милер и Гарнер се заедно од 2018 година, со една кратка пауза во 2020. Досега нивната врска беше далеку од очите на јавноста, со ретки заеднички појавувања во Лос Анџелес. Гарнер беше во брак со Бен од 2005 до 2015 година, а разводот го финализираа во 2018 година. Имаат три деца: Виолет (19), Фин (16) и Семјуел (13).

Иако Милер ја почитува улогата на Бен како татко, изворот открива дека му е сè потешко да биде близок со сопствената сопруга.
“Џон се обидува да се справи со тоа молчејќи, но му е тешко. Знае дека Бен треба да биде таму како татко, но сака тој да биде човекот во врската со Џенифер”, рекол извор за DailyMail.
Дополнителна тензија внесе улогата на „посредник“ што Гарнер ја презеде по раскинувањето на Бен и Џенифер Лопез минатата година. Наводно, таа често се обидувала да му помогне на бившиот сопруг, што на Милер му е се потешко.