ПопуларноСелебрити

(ВИДЕО) Алек Болдвин нападна фан кој го “притисна” во кафуле

Алек Болдвин се изјасни за невин по обвинението за ненамерно убиство од небрежност за убиството на кинематограферот Халина Хачинс на самиот почеток во 2021 година за време на снимањето на западниот филм „Раст“ во Ново Мексико.

Супервизорот за оружја за филмот „Раст“ доби 18 месеци затвор за смртоносно пукање од Алек Болдвин на снимањето пред 7 дена. Болдвин сè уште ја чека пресудата.

Кога беше начекан во кафуле, една од фановите го притисна за целата ситуација.

“Нема затвор за тебе а, Алек? Стави невини луѓе во затвор Алек Болдвин”.

Евидентна е нервозата кај Болдвин веднаш штом примети дека го снимаат. Тој оди до влезната врата и ја замолува девојката да искочи (како да е негово кафулето).

Таа потоа му вика “Ти ветувам дека ќе те оставам ако кажеш слобода за Палестина, кажи само еднаш ајде! ЕДНАШ!” потоа зборејќи со персоналот “Сите знаеме дека е криминалец”

Додека и држи врата на “обожавателката” да искочи таа го снима во лице, а тој со тупаница мава во камерата. Све е фатено на видеото подолу!