ПопуларноСелебрити

„Гаси го ова“ – Барбара Бобак го прекина настапот поради пиротехника, пејачката јавно им се обрати на организаторите преку микрофон

Не сака да види запалени пиротехнички средства на својот настап по стравотната трагедија што го погоди Кочани.

Пејачката Барбара Бобак, за време на својот настап во Загреб, посвети посебно внимание на безбедноста во ноќниот клуб, имајќи ја предвид неодамнешната трагедија во Македонија, каде што во пожар предизвикан од пиротехника во дискотека загинаа 59 лица.

На нејзиниот концерт, кога за време на настапот беше активирано пиротехничко средство, Барбара веднаш го прекина пеењето и брзо реагираше, покажувајќи ја својата одговорност за безбедноста на публиката.

Гаси го ова – им рече пејачката на организаторите.

Да потсетиме, во пожарот што избувна во дискотеката во Кочани, животот го загубија најмалку 59 лица. Во моментот на избувнувањето на пожарот, на сцената настапуваше групата ДНК. Меѓу повредените има повеќе од 150 луѓе, кои беа пренесени во болниците во Кочани, Штип и Скопје, а потоа итно транспортирани во соседните земји.