Гитарата на Ноел Галагер продадена на аукција за повеќе од 271.000 евра
Гитарата на британскиот музичар Ноел Галагер, која тој ја опиша како „најдобрата на светот“ во 1997 година, денеска беше продадена на аукција за 226.800 фунти (271.000 евра).
Во август, браќата Галагер, Лијам и Ноел, најавија обединување на нивниот бенд Oasis и турнеја следното лето.
Враќањето на таа позната брит-поп група од 90-тите предизвика огромен ентузијазам кај нивните фанови. Билетите за концертите беа распродадени, а нивниот прв албум „Definitely Maybe“, објавен пред 30 години, во септември повторно беше на врвот на продажбата.

Гитарата Gibson Les Paul што Ноел Галагер ја користеше за да го сними третиот албум на Oasis „Be Here Now“, објавен во август 1997 година, беше продадена на аукција.
Според онлајн аукциската куќа Propstor, гитарата била направена за Ноел Галагер во работилницата на Гибсон во 1997 година. Конкретно, се користеше за американски телевизиски настапи во шоуто на Дејвид Летерман и „Saturday Night Live“.
Тоа е најдобрата гитара во светот. Не еден од најдобрите, но најдобрите“, изјави Галагер за медиумите во 1997 година.
Формиран во 1991 година во Манчестер, бендот се распадна во 2009 година поради тековните расправии меѓу браќата Галагер, кои ја продолжија својата кариера одделно до објавувањето на повторното обединување минатото лето.
