ПопуларноСелебрити

Ги остави сопругата и децата за 25 години помлада девојка, а сега и со неа доби дете

Популарниот диџеј Дејвид Гета доби дете со долгогодишната девојка Џесика Ледон.

Славниот 56-годишен диџеј среќните вести ги сподели на социјалната мрежа Инстаграм, објавувајќи прекрасна фотографија на која нежно ја гали својата избраничка, додека нивното бебе спие на нејзините гради.

„Љубовта е во воздухот. Запознајте го Сајан“, напишал Дејвид Гета не назначувајќи го полот на бебето, но од коментарите под објавата може да заклучите дека станува збор за момче.

„Малиот брат ќе биде јак“, напишал постариот син на Гета, 19-годишниот Тим Елвис.

Да ве потсетиме, славниот музичар од првиот брак со сопругата Кети Лоб има син, споменатиот Тим Елвис и 16-годишната ќерка Енџи. Инаку, поранешните сопружници биле заедно 22 години пред во 2014 година да стават точка на својот брак.

Иако официјалната верзија на приказната е дека тој и 24 години помладата Џесика почнале да се забавуваат во 2015 година, односно после разводот на Гета, постоеле прилично гласни шпекулации дека токму таа е причината поради која ги напуштил сопругата и децата.

Како и да е, парот речиси цела деценија ужива во љубовта, а круната на истата пристигнала во вид на нивно синче. Згодниот диџеј своевремено изјавил дека тој и убавата Кубанка не планираат да се венчаат иако живеат заедно затоа што тој „повеќе не верува во брак“.

Тие секако се неразделни и речиси секогаш се заедно, а водат прилично забавен и лежерен начин на живот. Тие често излегуваат заедно, а папарацо фотографите секојдневно ги „фаќаат“ на плажа, а на фотографиите тие секогаш се прегрнати или уживаат во страсните допири и бакнежи.

Интересно е дека Џесика водела активен живот во текот на бременоста и дека само пред два дена била забележана на плажа во друштво на Гета и пријателите.

Оваа 32-годишна жена се смета за неверојатно згодна дама, а особено нејзината љубов кон фитнесот го инспирирала и диџејот затоа што тој целосно се трансформирал откако запловил во врска со неа. Дејвид и во шестата деценија изгледа подобро од пред 20 години, а неговите стомачни мускули сведочат за тоа дека многу време поминува во теретана.