Голем пад на гледаноста за продолжението на Џокер
Продолжението на Џокер претрпува голем пад во кината во Северна Америка.
Според проценките, има пад од цели 80 отсто во однос на минатонеделното деби – од околу 28 милиони евра на само 5,1 милиони евра.
Холивуд репортер (The Hollywood Reporter) наведува дека ова е рекордно ниско ниво за филм базиран на стрип.
Него од кино-тронот го симна хорор филмот Terrifier 3 кој изминатиот викенд заработи околу 16,2 милиони евра.
Продолжението на Џокер го зазеде третото место, додека анимираниот филм Дивиот робот го зазеде второто место со заработка од 11,4 милиони евра.
На четвртото место беше “Beetlejuice, Beetlejuice”
Џокер: Folie à Deux, со Хоакин Феникс и Лејди Гага во главните улоги, беше жестоко критикуван од филмските критичари, нарекувајќи го „мрачен и смел“, но исто така и „депресивно досаден и раскошен“.

Најдобрите пет филмови во Северна Америка беа заокружени со комедијата „Piece by Piece“, која користи лего анимација и гласови од Снуп Дог, Џеј Зи, Кендрик Ламар, Гвен Стефани, Џастин Тимберлејк и Баста Рајмс.
„Мешање во изборите“
The Apprentice, филмот за Доналд Трамп, се најде на 10-то место, со помалку од милион евра.
Првпат беше прикажан во мај на Канскиот филмски фестивал со главно добри критики, но поранешниот американски претседател се закани дека ќе тужи.
Биографскиот филм ја следи приказната за потеклото на претстојниот кандидат за претседател на САД како амбициозен млад инвеститор во Њујорк во 1970-тите и 1980-тите.
Неговиот портпарол претходно го опиша филмот, кој вклучува сцена во која се гледа како Трамп ја силува првата сопруга Ивана, како „ѓубре“, „чиста измислица“ и „мешање на холивудската елита во изборите“.

Трамп го нарече филмот одвратен.
Во насловите на филмот се забележува дека многу од настаните се измислени.