Дали ова е новата и МНОГУ ПОМЛАДА девојка на Том Круз? Изнајмил хеликоптер и лично ја возел – вистински шармер
Ѕвездата на филмот „Невозможна мисија“, Том Круз (62), и актерката од „Нож во грб“, Ана де Армас, беа забележани како заедно летаат со хеликоптер во средата, додека го прославуваа нејзиниот 37 роденден. На фотографиите, кубанската актерка се гледа како излегува од хеликоптерот, додека Круз седел на местото на копилот.
Ана, номинирана за Оскар за улогата во филмот „Блондинка“, била облечена лежерно – со шорцеви и дуксерка, а со себе ги носела и своите два кучиња. Круз, пак, бил во црна маица и фармерки. Пред да замине, срдечно разговарал со персоналот на хелиодромот. Подоцна истата вечер, парот вечерал во луксузниот ресторан KOL – елегантен мексикански локал сместен во елитната лондонска населба Мерилбоун.
Двајцата пристигнале во ресторанот со Мишелин ѕвезда доцна навечер – место кое Круз веќе претходно го посетувал – за да го прослават роденденот на Ана. Странски медиуми пренесуваат дека имало и страствени моменти помеѓу нив, со што се навестува дека нивната врска е неформално потврдена.
Не им е првпат да се појават заедно
Ова не е првпат Ана и Том да бидат забележани заедно. Минатиот месец беа фотографирани како со хеликоптер пристигнуваат во Лондон по кратко патување во Мадрид – само неколку недели откако папараците ги уловија како се качуваат во хеликоптер, на препознатливиот начин на Круз. Тие исто така беа видени и како вечераат во лондонскиот Сохо.
Извор за магазинот People тогаш изјавил дека биле во друштво на своите агенти и разговарале за потенцијални идни проекти и соработки.

Од пејачки до милијардерки – романтичната историја на Круз
Ѕвездата на „Top Gun: Maverick“ последен пат беше романтично поврзан со шпанската пејачка Викторија Канал, со која се запозна на фестивалот Гластонбери минатото лето. Пред тоа, Круз беше во врска со руската милијардерка Елсина Хајрова, но раскинаа во февруари 2024. Претходно беше во брак со Кејти Холмс, со која ја има ќерката Сури (18), како и со Никол Кидман, со која ги има ќерката Изабела (32) и синот Конор (30).

Ана ги менува партнерите, но среќата ја најде покрај Том?
Ана де Армас беше во врска со Бен Афлек од 2020 до 2021 година, по разводот од шпанскиот актер Марк Клоте, со кого беше во брак две години до 2013. Потоа беше со извршниот директор на Tinder, Пол Боукадакис, со кого остана до крајот на 2024 година.