ПопуларноСелебрити

Де Ниро бил лудо заљубен во оваа фатална Србинка – изборот на грешен партнер ја чинел живот

Роберт де Ниро отсекогаш бил омилен меѓу Србите. Во време кога малкумина знаеја за него, додека тој како студент патувал со автостоп во поранешна Југославија за подобро да запознае една социјалистичка земја, застанал во Ниш. Еден љубезен минувач му понудил преноќевалиште и го одвел во своето село.

Роберт де Ниро бил толку воодушевен од гестот и гостопримството, што зборувал за тоа со години, а во седумдесеттите беше гостин и на „FEST“.

Во овој нов век често го гледавме на трибините како ги следи натпреварите на Новак Ѓоковиќ. „Можеби и јас сум малку Србин, којзнае“, се пошегува тој во изјава за српска телевизија. А има ли уште нешто што го врзува познатиот актер со Србија?

Тоа може да биде Миља Вујановиќ, жена која без никакво двоумење одбележа едно време. Како доверлив астролог, таа завршила светски познати школи од тој ѕвезден домен и била член на Американската федерација на астролози.

Во светот на познатите влезе во 1967 година кога стана Мис Србија. Две години подоцна ја доби главната улога во филмот „Rani radovi“ на Желимир Жилник, по што ѝ предвидуваа блескава актерска кариера.

Иако се откажа од актерството, таа остана активна во јавниот живот како писател, публицист, астролог и автор на контроверзна емисија. Велат и дека фаталната Миља била опсесија на многу познати мажи. Според нејзината ќерка Маша, меѓу нив бил и споменатиот Роберт Де Ниро.

„За жал, немам фотографија од Роберт Де Ниро од мојот стан, јас бев мала кога тој и мајка ми беа во врска, но имам фотографија од Брена со мајка ми и децата“, напиша Маша покрај фотографијата на ТикТок.

Познатиот актер го нема во старите албуми, но, како што напоменавме, во 70-те години тој престојувал во Белград за време на познатиот филмски фестивал. Тогаш, како што вели Маша, имал кратка романса со нејзината мајка.

А дека легендарната Миља за многумина беше инспирација, тоа не може да се оспори. Но, погрешниот избор на партнер ја чинеше живот – љубовниот партнер Обрад Зејак во настап на љубомора ја застрелал во грб и ја погодил во ‘рбетниот мозок, по што таа остана неподвижна. Вујановиќ почина пет години подоцна.