Де Ниро за трансродовата ќерка: Не знам зошто е драмата
Легендарниот американски актер Роберт де Ниро изрази поддршка за својата ќерка Ајрин Де Ниро, која неодамна излезе како трансродова.
“Го сакав и го поддржував Арон како мој син, а сега ја сакам и поддржувам Ајрин како моја ќерка. Не знам зошто драмата. Ги сакам сите мои деца”, изјави тој за Variety.
Во едно неодамнешно интервју за магазинот “Them”, Ајрин изјави дека ниту еден родител не е совршен, туку дека им е благодарна на родителите што ја држат подалеку од очите на јавноста и и дозволија да има нормално детство.

Таа проговори и за луѓето кои ја инспирирале јавно да објави дека поминала низ транзицијата. Меѓу нив е и Лаверн Кокс.
„Ги гледам трансродовите жени кои се искрени, отворени и успешни, особено во јавниот домен како социјалните мрежи. Си помислив: „Знаеш што? Можеби не е доцна за мене“, рече таа.
Актерот има уште шест деца – Гиа, Дреа, Рафаел, Џулијан, Елиот и Хелен Грејс.