ПопуларноСелебрити

Еве на колку се проценува богатството на Здравко Чолиќ, и кој тежок факултет заврши пејачот

Целиот живот заработувал со микрофон во раката, но не ја запоставил ниту книгата.

Пејачот Здравко Чолиќ е најголемата машка балканска ѕвезда, а кариерата исклучиво ја изгради на повеќедецениски хитови.

Академски граѓанин од естрадата

И покрај тоа што постигна извонреден успех во својата музичка кариера, на Чола му беше важно да се образува, па дипломираше на Економскиот факултет и стана еден од најобразованите претставници на естрадата, односно еден од ретките членови на српската естрада кои се академски граѓани.

Пејачкот студирал во Сараево, главниот град на Босна и Херцеговина.

Здравко Чолиќ и неговата сопруга Александра се долги години во брак, а нивната љубов родила две ќерки, Лара и Уна.

Богатството се проценува на 25 милиони евра

Според познатиот американски сајт „Celebritynetworth“, Здравко е еден од најбогатите пејачи на Балканот. Имено, Чола важи за најголемата ѕвезда на Балканот, а според податоците од 2021 година неговото богатство се проценувало на 25 милиони евра.

„Чола е српскиот Том Џонс. Објавил 15 албуми и важи за еден од најскапите пејачи на Балканот. Го наполни стадионот „Маракана“, па „Ушче“, а во 2019 година постави апсолутен рекорд со 6 концерти по ред во белградската Арена, каде што го слушаа 110.000 луѓе“, пишуваше тогаш оваа веб-страница.

Здравко Чолиќ секогаш нагласувал дека финансиите отсекогаш му биле слаба страна, иако по професија е економист.

Скромен, но скап

Популарниот пејач отсекогаш ја чувал приватноста за себе, а никогаш не ги истакнувал приходите кои му ги донела успешната кариера, па затоа важи за една од најскромните јавни личности.

Така, пејачот на зглобот носи часовник вреден „само“ 2.000 евра.

Според Инстаграм профилот „Sat na ruci“ станува збор за часовник од брендот „TAG Heuer Carrera“ со челично куќиште и функција хронограф.

– Човек не може да го смени темпераментот, не мислам на начинот на трошење и начинот на живеење, но кај мене беше малку претерано и така е и денес – изјави во една прилика Здравко Чолиќ.

Здравко Чолиќ живее со семејството во луксузна вила во Кошутњак, а својата приватност ја чува подалеку од очите на јавноста.