Еден месец по разводот – веќе најде утеха: Холивудската ѕвезда се бакнува 8 години помлад? ФОТО
Џесика Алба ужива во животот без брак, но според најновите папарацо фотографии, атрактивната актерка изгледа како да најде утеха по разводот.
Актерката Џесика Алба (43) поттикна нови гласини за потенцијална врска со Алекс Еделман (35), комичарот кој е најпознат по тоа што е во друштво на Каја Гербер.
Џесика неодамна е сингл, по разводот со Кеш Ворен актерката почна да привлекува големо внимание со својот изглед, а сега можеби продолжи со својот живот.
Двајцата биле видени како заедно заминуваат од забава по доделувањето на Оскарите, а Еделман дури и позајмил јакна поради студот, пишува Дејли мејл.

Ова е прв пат Џесика да се види со маж по разводот со Кеш Ворен. Исто така, ова би била нејзина прва врска после тоа, доколку двајцата се заедно.

Џесика често е тема на разговор кога станува збор за изгледот. Отсекогаш важела за холивудска убавица, а нејзиното тело привлекува внимание на секој чекор. Многумина се воодушевуваат на фигурата на актерката по три породувања, а иако е секогаш одмерена, таа понекогаш сака да ги покажува своите адути.
Веста за разводот изненади многумина. Таа беше во брак со Кеш Ворен 17 години, а како причина ги наведоа непомирливите разлики меѓу нив. Сепак, после се останаа во пријателски односи поради децата.