ПопуларноСелебрити

Емили Ратајковски ја скрати косата и ја покажа новата фризура! Обожавателите се згрозени – и кажаа само едно (ВИДЕО)

Манекенката Емили Ратајковски објави видео во кое ја покажа својата нова слоевита фризура, нарекувајќи ја најлошата фризура што некогаш ја имала.

Емили Ратајковски објави видео и ја покажа новата фризура, а додека со едната рака покриваше дел од косата рече: – Време е за приказна, да, имам филтер затоа што ја имам најлошата фризура во животот и морам да се чувствувам убаво.

Иако на почетокот на видеото се чини дека станува збор за типична повеќеслојна фризура, Ратајковски откри бушави, набиени прамени:

“О, мислеше дека се шегувам? Имам шишки на задниот дел од главата“, рекла Емили.

Потоа се обидела да погоди што сака да прави нејзиниот фризер, но не успеала.

„Шокантно“, заклучува Ратајковски во видеото додека ги покажува повеќеслојните слоеви коса кои и го врамуваат лицето.

Додала дека може донекаде да го сокрие, но дека нема помош ако дува ветер.

Коментарите под видеото беа многубројни, а повеќето од обожавателите и порачаа дека фризерот ја мразел, штом направил таква фризура.