Застрашувачко искуство на Дилета Леота на аеродром во Германија: „Ми ги притискаше градите, почувствував засраменост и тортура“
Сопругата на поранешниот фудбалер на Ливерпул, Лорис Кариус, тврди дека почувствувала „засраменост“ откако ѝ бил извршен инвазивен безбедносен преглед на германски аеродром, при што ѝ биле стискани градите.
ТВ-водителката Дилета Леота изјави дека била принудена да ги соблече речиси сите алишта пред да биде „грабана“ под пазувите и стапалата – искуство кое го опиша како „неверојатна тортура“.
33-годишната Италијанка се враќала во родната земја по посетата на Германија, каде што била да го гледа својот сопруг, кој во моментов игра за второлигашот Шалке. Таа исто така изјави дека ова искуство ѝ разбудило „трауматични“ сеќавања од детството.
„Требаше да се вратам во Италија, и додека минував низ метал-детекторот, ми пристапи една полицајка и побара да ме прегледа“, изјави Леота за Радио 105, пренесува „Билд“.

„Ми ги стискаше градите. Се почувствував малку засрамено. Во еден момент, бев речиси целосно соблечена. Под пазувите немав речиси ништо и ѝ реков: ’Гледај, немам ништо под пазувите‘.
„Но, таа инсистираше да ме ’скокотка‘ под пазувите, што беше неверојатна тортура. Ме натера и да ги собујам чевлите, а потоа ми ги скокоткаше стапалата.
„Тоа беше трауматично искуство, бидејќи брат ми ме држеше во таква позиција (со кренати раце) и ме грицкаше под пазувите кога бев дете. Беше многу силен. Ме грицкаше низ целото тело и се измочкав од смеење.“
Леота во моментов ја балансира својата работа како новинарка за Серија А на DAZN со поддршката за својот сопруг, кој потпиша за поранешниот германски гигант во јануари.

Кариус се обидува да ја рестартира својата кариера во Втората Бундеслига, откако 31-годишниот голман потпиша договор со Шалке до крајот на сезоната. Ова му стави крај на неговиот период без клуб, откако ја напушти екипата на Њукасл минатото лето. Неговиот последен натпревар беше на 24 февруари минатата година, во поразот од Арсенал со 4-1.
Во последните четири натпревари на Шалке, Кариус беше стандарден меѓу стативите, а Леота редовно го поддржува од трибините.
За „RND“ таа изјави: „Бев во Гелзенкирхен на натпреварот против Прусен Минстер пред две недели и видов преполн стадион со над 60.000 луѓе, исто како и следната недела во Берлин. Беше навистина изненадувачко да ја доживеам оваа фасцинантна втора лига со неверојатна публика.
„Секако, секоја недела присуствувам на натпревари од Серија А, што ќе ми го отежни доаѓањето почесто – но секогаш кога ќе имам време, со задоволство ќе се вратам.“
