Селебрити

Има 95 килограми, висока 177 сантиметри и блеска со тоа колку е убава и самоуверена: Цел Холивуд гледаше во нејзиниот фустан прилепен за телото – ништо не откри, а грми…

Ешли Греам завчера беше меѓу многуте гости на хуманитарниот настан Baby2Baby Gala во Западен Холивуд. Модната ѕвезда која е критикувана од некои за промовирање на дебелината – поради парите што и ги носи таквата промоција, а другите ја фалат затоа што ги охрабрува жените кои личат на неа да се чувствуваат добро во сопствената кожа со самодоверба и убавина, се претстави во измерено издание.

Таа се појави во едноставен црн фустан, тесен, кој ја истакна линијата на нејзиното тело, односно облините. Фустанот го краси необичен црвен детаљ, кој навистина се истакна во ова монохроматско модно издание, чиј важен дел беа црните салонки.

Ешли Греам и порано се појавувала во далеку попровокативни комбинации, а секој пат, без разлика што носи, оставала силен впечаток со својата убавина и самоуверен став.

Греам, која е висока 177 сантиметри и тешка 95 килограми, отстапува од стандардите кои порано важеле во светот на манекенството. Но, таа е токму таму – со своето појавување на модната сцена ја поткопа поголемата еднаквост во таа професија и застана против дискриминацијата на поголемите модели.

Она што го направи е многу значајно. Благодарение на неа и на останатите членови од првата генерација плус сајз модели, погледот кон женската убавина се промени, голем број жени имаат поинаков и попозитивен поглед на својот изглед и голем број модели добија шанса да направат работата што ја сакаат наместо да им кажат дека не се доволно убави и згодни за таа професија.