И тазе разведени и „пораснати“: Џеј Ло се уште е вљубена во најголемиот холивудски шармер? (ФОТО)
Џенифер Лопез можеби наскоро ќе може да се впушти во нова романса со голем холивудски заводник.
Латино дивата Џенифер Лопез се разведе од Бен Афлек по само две години брак. Љубовта од вториот обид не им успеала, а сопружниците имале и мали проблеми при поделбата на имотот.
Кога официјално се заврши, почнаа разни шпекулации. Многумина забележаа како Афлек процвета и поминуваше се повеќе време со своите деца и со поранешната сопруга Џенифер Гарнер со која инаку е во одлични односи, а од друга страна Џенифер „тагуваше“.
Дали само така изгледаше…
Бројни извори објавија дека Џеј Ло тешко го преболувала Афлек, додека тој не се појавил.
Имено, веста дека Џенифер Лопез и Кевин Костнер се видени заедно по Божиќ, во Колорадо, заинтригира многумина. Извор за “People” изјавил дека Костнер не сака сериозна врска во моментов и дека е сингл, додека Џеј Ло бара утеха.

И Кевин Костнер се опоравува од разводот
Пред Џеј Ло да објави дека нејзиниот брак дошол до крајот, се појавија вести дека Костнер се разведува од сопругата Кристин Баумгартнер. Двајцата поминаа 18 години заедно, а како причина беа наведени непомирливите разлики меѓу нив.
Кевин Костнер пред неколку дена го прослави својот 70-ти роденден, но тој и понатаму е еден од главните заводници на Холивуд, па не е изненадување ако Џеј Ло навистина го насочила погледот кон него.
Како што знаеме, Џеј Ло цело време го насочува погледот према некој, со тоа што до сега има 4 неуспешни бракови.