Селебрити

Како изгледаше Северина без силикони пред 33 години! Горат социјалните мрежи

На социјалните мрежи се уште се споделуваат фотографии од музичката ѕвезда од почетокот на нејзината кариера.

Од кога се појави на јавната сцена и сега, Северина од година во година го менува својот физички изглед.

Кариерата ја започна во 1990-тите, но на почетокот не тргна по нагорен пат, туку на почетокот на 2000-тите.

Низ кариерата ја следеа разни скандали, а сега на профил на Инстаграм е објавена нејзината фотографија од почетокот на кариерата, а кога ќе се спореди со сегашната, можете да ги видите промените кои ги направила на нејзиното лице.

Иако од почетокот на кариерата важеше за убавица, таа не беше секогаш задоволна со својот изглед. Го оперирала носот кога имала 20 години, по убедување на доктор. Наводно, до денес имала четири интервенции. Самата пејачка еднаш призна што менувала на себе.

– На 20 години го оперирав носот, ме убеди докторот. Не беше крив или грд. Доаѓа еден дечко кај тебе и ти вели: „Би сакал малку да го поправам тој нос“ и му го давам мојот нос. Застанав на носот, имав проблеми со дишењето после операцијата, не пред тоа. Но, тој е поубав од мојот роден нос. Што е, е“, изјави во една прилика пејачката за хрватските медиуми.

На социјалните мрежи често се споделуваат кадри од некои од првите настапи на Северина. На нив јасно се гледа дека пејачката тогаш изгледала многу поприродно од сега.