Квентин Тарантино си го откажа својот последен филм
Квентин Тарантино го укина филмот „The Movie Critic“ како негов последен филм, откако „се премисли“ за проектот.
„The Movie Critic“ требаше да биде десеттиот и последен филм на легендарниот режисер, со Бред Пит да глуми во главната улога.
Сепак, Тарантино изјави дека одлучил да се откаже од филмот.

Според изјавите, Сони бил подготвен да го сними филмот, а Тарантино го преработил сценариото. Но, американскиот режисер сега одлучи дека, каков и да е неговиот последен филм, тоа нема да биде „The Movie Critic“.
61-годишниот режисер едноставно се предомислил околу филмот и нема повеќе да работи на него.
Говорејќи во Кан во мај минатата година, Тарантино рече дека филмот ќе биде сцениран во Калифорнија во 1977 година и е „заснован на човек кој навистина живеел, но никогаш не бил навистина познат, а тој пишувал филмски критики за порно“.
Но по се изгледа дека некогаш нема да добиеме повеќе увид во проектот од тоа, освен ако режисерот не го промени размислувањето.