Кој ќе ги наследи парите на Кавали? 45-години помладата сопруга му менувала пелени, а еве што и оставил
Многумина се прашуваат кој ќе го наследи богатството на Роберто Кавали, а на 45 години помладата Сандра веќе ѝ обезбедил сѐ.
Популарниот моден могул Роберто Кавали почина на 83-годишна возраст, а зад себе остави огромно богатство во секоја смисла. Во неговиот живот се издвојуваат три најголеми љубовни врски кои му донеле шест деца, а многумина се прашуваат кој ќе го наследи неговото огромно богатство.
Прва во трката секако дека е 45 години помладата Сандра која со него во љубов била до неговата смрт. Кавали пред смртта се погрижил неговата избраничка да биде материјално обезбедена, па ѝ подарил многу вреден подарок.
Имено, овој моден могул чие богатство се проценува на 500 милиони долари ѝ подарил викиншко упориште од 11 век во Шведска и тоа на приватен остров кое чини 2,5 милиони фунти.
Исто така Сандра Нилсон која од својот избраник била помлада 45 години, станала нова сопственичка на островот во својата родна земја, недалеку од Стокхолм.
Медиумите наведуваат дека на островот се наоѓа четирисобна вила, колиба за лов, базен и остатоци од викиншка тврдина, како и терен за голф.
Своевремено Роберто нагласувал дека девојката му покажала колку го сака и постојано му давала помош кога тоа му било потребно, а се пишувало и дека дури му менувала пелени.
Дизајнерот минатата година добил син на којшто му го дал името по својот татко – Џорџо.
„Бебето кое е родено пред една недела токму тука во Фиренца, прекрасно е и беше навистина емотивно да го видиш веднаш откако се роди. Името му е Џорџо, како и неговиот дедо, мојот татко којшто нацистите го стрелаа во масакр кога имав само четири години“, изјавил своевремено Кавали.
Модниот маг три пати бил во брак и добил шест деца. Во првиот брак со Силванела Џанони го добил синот Томас и ќерката Кристина, а од втората сопруга Ева Марија Дурингер со која најдолго бил во брак добил три деца – Роберт, Рејчел и Даниел. Тие исто така се во трка за наследството.