Меган Маркл останува без принцот
Принцот Хари и неговата сопруга, Меган Маркл, оваа година ќе го поминат Денот на вљубените, кој се слави на 14 февруари, одвоено.
Меган Маркл ја напушти Канада за да се врати кај своите деца, принцот Арчи и принцезата Лилибет, во Калифорнија, пренесува „Мирор“. Одлуката да се врати дома била однапред планирана, за да биде со децата додека принцот Хари останува на „Инвиктус игрите“.

Пред да ја напушти Канада, парот јавно ја покажуваше својата наклонетост за време на настанот.

Во својот говор, Меган ја пофали посветеноста на Хари кон игрите и нивните деца, принцот Арчи и принцезата Лилибет. Исто така, за време на настанот, двојката разменуваше страсни бакнежи на бината, демонстрирајќи го своето единство и меѓусебната поддршка.

Иако враќањето кај Арчи и Лилибет очигледно било клучно за одлуката на Меган да замине, таа сигурно ќе биде разочарана што Денот на вљубените нема да го помине со својот сопруг, наведува весникот.